Македонија домаќин на Глобалниот самит на жени лидери „GWLS 2017“
Над 40 еминентни жени лидери во улога на панелисти и преку 300 учесници од пет континенти, креатори на јавни политики, дипломати, претставници на корпоративната елита, новинарството,..., ќе бидат дел од Глобалниот самит на жени лидери (Global women leaders summit - GWLS 2017 ) што ќе се одржи во Скопје на 17 и 18 февруари годинава.
Како што соопшти денеска Сојузот на стопански комори (ССК), Самитот е фокусиран на актуелни теми од повеќе области, но на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија.
Промоцијата е во соработка со Здружението на бизнис жени и Светската бизнис организација Македонија.
- Глобалната платформа на жени лидери функционира во насока на размена на искуства, креирање јавни политики и хармонизација со глобалните трендови. Ги обединува светските жени лидери од пет континенти од различни области, политика, економија, дипломатија, претприемништво, новинарство. Целта на нашето учество е хармонизација на Македонија со глобалните трендови и прифаќање на можностите жена да биде лидер, на позиција како што е претседател на држава или влада, рече оперативниот директор на ССК Александар Зарков на прес-конференција.
Примарната цел на Платформата е остварување меѓународен дијалог за унапредување на женското лидерство и креирање стратегиски политики за економски развој што подразбира и развој на кариера, глобално партнерство, како и трансфер на знаење и искуства.
- Платформата ја нагласува инспиративната улога на жената лидер. Има многу релевантни и успешни примери за жени на лидерски позиции - кандидат за претседател на Америка, жена канцелар во Германија и жена претседател во Хрватска. Тука би ја спомнал комуникацијата на претседателот на ССК Данела Арсовска и претседателот на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ. Китаровиќ ја истакна својата целосна поддршка за иницијативата и за вклучување жени од Република Македонија во Платформата, нагласи Зарков.
Ново на Сител
-
ССМ ги повикува работниците на протест по повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД