Македонија
21. May 2025 - 16:39

Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“

Армии на 7 НАТО членки и две партнерски земји ќе бидат дел од вежбата Immediate response 2025. На полигонот Криволак 2200 војници ќе бидат демонстрираат борбена подготвеност за изведување на копнени борбени дејствија и боеви гаѓања. Како домаќин , Македонија ќе има најголем број на вклучени војници или вкупно 950,а тоа ќе биде потврда дека земјата е значаен сојузник на НАТО. 

Првиот човек на Генералштабот генерал мајор Сашко Лафчиски на брифинг со новинарите порача дека вежбата ќе биде првиот тест за капацитетот на лесната пешадиска бригада од која дел ќе биде испратена во Германија за тестирање на националните можности.

Од 25 мај до 9 јуни единиците ќе изведуваат операции во кои ќе бидат вклучени и грчките тенкови Леопард, борбените хеликоптери Апачи, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возилатранспортни медицински хеликопртери Blek hawk и инженериски возила Хаски. Оваа мултинационална вежба е дел од големиот серијал на вежби Defender 2025 кои се реализираат  на годишно ниво предводени од Армијата на САД за Европа. 

Во рамки на вежбата, односно пред официјалниот почеток, на 23, 24 и 25 мај, воените оркестри на Армијата на Северна Македонија и САД ќе одржат концерти во Штип, Битола и Скопје, а отворен ден за граѓаните со приказ на опрема од вежбата ќе се одржи на 1 јуни во Кавадарци. Денот за високи гости ќе се одржи на 2 јуни кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.