Македонија
24. February 2021 - 14:12

Македонија доби уште 3.510 дози на Фајзер од Србија

Министерот за здравство Венко Филипче ја прими втората пратка вакцини од Србија. Неговиот српски колега, Златибор Лончар на ГП Табановце ги донесе 3.510-те дози. 

Лончар вели дека Србија ќе гледа и натаму да помогне во имунизација на Македонија. 

Србија досега има набавено над два милиони вакцини. По една доза примиле над еден милион луѓе, но Лончар не сакаше да открие колку пари Србија издвоила досега за набавка на вакцините. Причината е дека може да се прекрши клаузулата во договорите со производителите. 

Неизвесно е кога ќе пристигнат првите дози набавени директно преку Фајзер. 5.850 дози беа најавени за овој месец. 

- Можно е да тоа се случи на почетокот на март. И ние се уште го чекаме драфтот на договорот. Можно е да пристигне поголема количина од иницијалната, рече Филипче.

 

Даниел Василев