-->
-->
Македонија без Велко Маркоски на стартот од ЕП
-->

Специјалистот за одбрана во македонската ракометна репрезентација Велко Маркоски поради повреда нема да може да настапи на Европското првенство во Виена. По дополнителните испитувања на Велко Маркоски, направено е КТ на окото и ЕХО на окото и по добиените резултати, препорака на докторот е дека Велко Маркоски ќе треба да паузира 2-3 недели.
Македонскиот репрезентативец повредата ја доби за време на контролниот дуел со Словенија, кога еден удар на словенечкиот репрезентативец Дејан Бомбач заврши во неговата глава.
Ова значи дека Маркоски сигурно ја пропушта првата фаза од натпреварите, а доколку Македонија се пласира во следната фаза постои можност Велко Маркоски да се стави на располагање на селекторот Данило Брестовац.
Велко Маркоски досега има настап на четири ЕП (Србија 2012; Данска 2014; Полска 2016 и Хрватска 2018) и има одиграно 23 натпревари и постигнато 3 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Спасен видот кај 16 пациенти со трнасплантација на рожница
-

Голема еколошка акција на Патриотско друштво за пошумување на Ајватовски Рид
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
