Македонија
28. November 2021 - 16:40

Македонија без мерки за Омикрон, поделени мислења околу стимулацијата за матичните

Задоцнета и понижувачка. Вака дел од матичните лекари  ја оценија новата мерка –  30 денари по пациент да добиваат  матичните лекари кои имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти. Велат дека и досега без ваква  стимулација тие ги едуцирале граѓаните. 

Лазаров смета дека во моментов каква мерка и да се донесе, одредена популација во земјава, тешко ќе може да се убеди дека треба да се вакцинира.

Според пулмологот Мехмедовиќ, предлогот е добар, но требало порано да се донесе.

Очекува дека со време ќе почне да се разгледуваат поригорозни мерки поради новиот сој Омикрон, кој веќе е присутен во повеќе држави.

Министерот Филипче вчера посочи дека нови мерки ќе се  разгледуваат на владина седница во вторник, кога ќе биде предложена и стимулативната мерка за матичните лекари.

Во меѓувреме се уште виси предлогот за задолжителна вакцинација во здравството и препораката за имунизација во приватниот и јавниот сектор.