-->
-->
Македонија атакува на победа против Лихтенштајн прва во квалификациите за СП 2018 година
-->
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва во Вадуц, против Лихтенштајн ќе го игра петтиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.
Иако избраниците на селекторот Игор Ангеловски покажаа одлични игри на претходните четири средби, сепак на контото на црвено-жолтите засега нема ниту еден бод во квалификациската „Г“ група. Во таборот на нашата репрезентација веруваат дека доколку се повторат игрите од претходните натпревари, а се подобри прецизноста, тогаш неминовен е успех, односно победа.
- Не настапив на мечот со Италија, но она што го покажаа моите колеги беше за пофала. Се надевам дека доколку ја повториме таа игра, како и настапите од натпреварите против Албанија и Израел тогаш неминовен е успех, односно верувам дека ќе ја оствариме целта и дека ќе го победиме Лихтенштајн, изјави членот на италијанскиот Палермо, Александар Трајковски.
Инаку, досега Македонија и Лихтенштајн имаат одиграно четири натпревари од три завршија со победа на црвено-жолтите.
Единствениот во кој Македонија не победи беше последниот натпревар и тоа во квалификациите за ЕП 2004 година кога на гостински терен одигравме нерешено 1:1.
Сепак сите го паметат најубедливиот триумф во историјата на македонската репрезентација која во квалификациите за СП 1998 година на гости го победи Лихтенштајн со 11:1.
Вечерашниот натпревар Лихтенштајн - Македонија ќе се игра од 20 часот и 45 минути термин во кој ќе играат и Шпанија – Израел и Италија – Албанија, во истата квалификациска група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пиштол и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-
Во Србија лани 183 лица завршиле зад решетки поради економски криминал
-
Лондонската полиција приведе 55 лица на митингот на забранетата организација „Палестинска акција“
-
Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп
-
Бројот на жртви по превртувањето на туристичкиот брод во Виетнам се искачи на 38
-
Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за ослободување на заложниците
-
Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати
-
Сончево и топло, со температура до 39 степени