Македонија 33-та во светот според индексот на економски слободи

Македонија е рангирана на 33. место во светот, а на 17. во Европа според индексот на економски слободи за 2019 година што го изработува Херитиџ фондацијата.
Во извештајот се наведува дека Македонија и натаму е макроекономски стабилна земја, а на домашните економски перформанси влијаела политичката криза. Како главни забелешка се посочуваат нивото на сивата економија што опфаќа меѓу 20 и 45 проценти од БДП, непродуктивните јавни трошоци, како и тоа дека постои законска рамка, но има слабост во имплементацијата. Потребни се и структурни реформи кои ќе се насочат на борбата против корупцијата и гломазната администрација.
Македонија е најдобро рангирана од земјите во регионот. По неа се Бугарија на 37, Косово 51, Албанија 52, Словенија 58, Србија 69, БиХ 83, Хрватска 86, Црна Гора 92 и Грција 106.
Земји со најголеми економски слободи се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, а најлоши се Зимбабве, Конго, Еритреја, Куба, Венецуела и Северна Кореја.
Со извештајот на Херитиџ се опфатени 180 држави во светот.
Ново на Сител
-

Поднесени 50-тина барања за обештетување од поплавите во Чешиново-Облешево
-

Продолжува негативниот природен прираст
-

СДСМ избра ново раководство - голем дел од членовите остануваат на истите позиции
-

30 уреди за мерење на бучава ќе ловат кои угостителски објекти пуштаат гласна музика и ги вознемируваат граѓаните
-

Централниот одбор на СДСМ избира ново раководство на партијата
-

Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД во земјава
-

СДСМ вечерва бира ново раководство
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
