-->
-->
Македонецот Селимоски го засили австриски Капфенберг
-->
Големо признание за квалитетите на македонскиот интернационалец Анел Селимоски во австрискиот фудбал. Од денеска Селимоски е нов член на второлигашот Капфенберг. Македонскиот интернационалец потекнува од кичевското село Лисичани и целиот свој фудбалски пат го мина во Австрија. Кариерата ја започна во Колумбија, потоа беше во младинскиот тим на ФАЦ, за да продолжи со успех во 1210 Виена.
Селимоски очекува овој трансфер да му биде отскочна даска за влез во елитната австриска лига и со тоа да го сврти вниманието на македонската фудбалска јавност и селекторот Милевски за идните репрезентативни предизвици.
Од ФК Капфенберг очекуваат македонскиот интернационалец да им помогне да изборат опстанок во втората по квалитет австриска лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Finance Тhink: Целосно реализирани 18 (13%) од владините ветувања за една година
-
Игуменот Георгиј нов митрополит на МПЦ
-
Мицкоски: Зад потезите на Бугарија стојат стратегии кои се стари со децении
-
Невладиниот сектор нотира: Најголемиот дел од законите се носат по скратена постапка
-
Сеуште постојат бариери за лицата со телесен инвалидитет
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука