Македонец убил пријател додека правеле „селфи“ со сачмарка во Мелбурн

Фотографија заврши трагично откако млад човек го застрела својот најдобар пријател додека позираа со сачмарка во еден мотел во Мелбурн, пренесува „Канбера тајмс“
Македонецот Алберт Раповски (20) во средата на првото рочиште за случајот се изјаснил за виновен, а судот му го продолжил притворот до следното сослушување.

Настанот се случил на почетокот на март годинава, кога Раповски го застрелал 22-годишниот Махамд Хасан.
Според документите изнесени пред судот, Раповски и неколкумина негови пријатели на 5 март се собрале во соба на мотелот „Парксајд ин мотел“ за да ја прослават неговата веридба. Тие донеле сачмарка и почнале да си играат со неа, а Хасан, наводно, му кажал да Раповски да го испразни оружјето за да не застрела некого.

Според полицијата, Македонецот ја отворил пушката, а еден од неговите пријатели од неа извадил два патрони. Раповски во еден момент ја вперил пушката во главата на Хасан додека тој се подготвувал да се слика себеси со мобилниот телефон. Македонецот го повлекол орозот и оружјето испукало директно во главата на неговиот пријател.
Раповски, според полицискиот извештај, почнал да плаче и да вреска, викајќи „Го застрелав Мо, го застрелав Мо“, а потоа побегнал од хотелот.
Телото на Хасан го открил сопственикот на мотелот.

Следниот ден, како што пишува „Гардијан“, Раповски се обидел да избега во Македонија. Тој на свој пријател, кој работел како туристички агент, му рекол дека мора итно да замине во Македонија за да ја види својата баба, која, наводно, била болна.
Тој бил пресретнат од полицијата на аеродромот во Мелбурн на 6 март, каде е уапсен, а потоа и обвинет за убиство на својот пријател од средношколските денови.
Ново на Сител
-

Анкета: Само една третина од Американците ја поддржуваат војната со Иран
-

Уапсен 19-годишниот Македонец кој се бараше за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан
-

Трамп во Белата куќа ќе ги прими Нетанјаху и Зеленски
-

Запленети 5.000 штеки цигари вредни девет милиони денари на ГП „Богородица“, приведен е возачот
-

Мбапе им се обрати на Французите по СП 2026 година: Се вративме дома без трофеј, и ќе биде вака уште некое време
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
