Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
Цела Србија синоќа ја крена на нозе веста дека малата Марија (3) исчезнала за време на нејзиниот летен одмор во Грција.
Ја пронашол Сашко Радуловиќ, Македонец од скопско Миладиновци и ја споделил веста на Фејсбук.
– Најдовме тригодишно девојче кое беше изгубено во Неа Флогита, во близина на Филатеки. Нејзиното име е Марија, доколку некој ги знае родителите нека не извести – напишал Сашко во групата „Грција инфо“ а со објавата објавил и слика од девојчето.
Сашко повикал полиција, која дошла по повеќе од еден час по објавата и го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.
За тоа време Србија ги бараше родителите на исчезнатото девојче, а додека многумина зборуваа само за неа, Стефан и Валентина Спасиќ се покажаа како вистински херои. Ги пронашле родителите на девојчето и ги однеле во полициска станица во соседниот град за да си го земат детето.
Стефан и Валентина за Телеграф.рс открија како се одвивала драмата во која се нашле.
– Девојчето е добро, полицијата ја однела во станицата во Неа Мудање за да се увери дека е безбедна. Разбирливо беше вознемирена, но на крајот сè испадна добро. Родителите живеат во еден од нашите станови што го изнајмуваме, па лесно можеше да дојдеме до нив штом го видовме и го препознавме девојчето на социјалните мрежи – изјави Стефан Спасиќ во моментот кога девојчето и нејзините родители беа вратени во стан.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам