-->
-->
Македонец ќе ја тужи Грција -11 месеци по грешка бил во притвор
-->
Неверојатната приказна за 38-годишниот жител на едно македонско село веднаш до грчката граница ја откри во петокот грчкиот весник Ефимерида тон Синтактон.
Според извештајот, човекот од селото Стромница, чие име не е објавено, бил уапсен во јануари 2018 година, откако преминал на грчка територија држејќи во раце пакет брашно.
Иако тој нелегално ја преминал границата, вообичаено е луѓето од соседните села разделени со граници да преминуваат на другата територија.
И покрај тоа што се побунил, грчката полиција го уапсила човекот под сомнение за трговија со дрога и го испратила во затвор, во очекување на судење.
Примерок од „сомнителната“ супстанција бил испратен во полициската лабораторија во Атина за да се утврди дали станува збор за кокаин, хероин или за некоја друга дрога.
Во меѓувреме, грчки обвинител поднесе кривична пријава против човекот, кој продолжил да тврди дека е невин. Тој објасни дека еден од неговите сограѓани во Стромница му дал пакет брашно за да му го даде на пријател во грчкото село Кавалари, веднаш преку границата.
Полициските иследници и обвинителот не биле убедени во тоа, а мажот бил затворен во очекување на судење.
На 6 март 2019 година, во официјален документ, полициската лабораторија во Атина појаснила дека „сомнителниот“ прашок нема никаква врска со дрога. Тестовите покажале дека тоа е навистина 100% чисто брашно.
Документот бил уредно проследен до судските органи, но некако по пат се загубил. Необјасниво, по многу месеци конечно сè беше откриено минатата недела - а апелациониот суд во Солун го ослободи човекот од обвиненијата.
„Срамно е што никој не го забележал документот“, рече обвинителката Деспина Сидиропулу по ослободувањето на несреќниот човек.
„Уште од првиот момент човекот рече дека нема никаква врска со дрога и дека тој едноставно пренесувал пакет за да му го даде на пријател. Тој остана во затвор 11 месеци без никаква причина“, изјави адвокатот што го брани, Морфис Василакерис.
Според весникот, по грешка притворениот човек ќе се жали пред Европскиот суд за човекови права, барајќи отштета од грчката држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот