Македонците во Виена го прославија празникот над празниците - Велигден
Македонските православни христијани кои живеат и работат во Виена, Австрија го одбележаа празникот - Воскреснување Христово-Велигден во Македонската православната црковна општина „Свети Наум Охридски“.
Веста за Христовото воскресение беше објавена точно на полноќ во саботата во црковниот храм пред големиот број верници со извикување на „Христос воскресе-Навистина воскресе!„
Меѓу Македонци во црквата „Свети Наум Охридски“ во Виена на полноќната Велигденска богослужба беа присутни и пратеникот Антонио Милошоски, македонскиот амбасадор во Австрија, Василка Попоска Треневска, македонскиот репрезентативец Ванче Шиков, како и ракометарите на РК Вардар кои пристигнаа по натпреварот со Веспрем.
Вчера, на 1-ви мај, кога православните верници низ целиот свет го прославуваа празникот над празниците - Велигден, црковниот храм на МПЦО „Св. Наум Охридски“ во Виена беше претесен за сите верници кои се собраа да го одбележат овој голем ден и да побараат благослов.
Како и вообичаено денот започна со света богослужба на која посакувајќи им здравје и среќа, отец Валентин во говорот по богослужбата, испрати порака на македонската дијаспора за лубов кон црквата и сплотеност со цел зачувување на македонското единство насекаде ширум светот.
По велигденската богослужба следеше велигденската игранка на која присутните уживаа во македонската музика и ора. Меѓу Македонци во црквата „Св. Наум Охридски“ беше и Кире Илиоски, амбасадор на ОН, ОБСЕ и други меѓународни организации со седиште во Виена.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки