Македонија
2. March 2022 - 16:42

Македонците во Украина сами се организираат за евакуација од земјата

Се снаоѓаат сами во потрага по безбедна средина. Додека го чекаат македонското МНР да обезбеди евакуација, нашите државјани во Украина меѓусебно комуницираат и се организираат за помош.

Ги предводи Иво Стојановски, еден од 220-те илјади жители на Кропивницки – град во централна Украина. По 26 години живот во земјата, тој самиот вели дека нема намера да ја напушти.

Во комуникацијата на 9-члената група на Вибер се чувствува стравот, а животот станува се потежок, вели Стојановски.

Од македонското МНР велат дека ги прават сите напори за безбедна евакуација на македонските државјани. Семејството со бебе од Харков се уште се во Украина, на безбедно место и денеска се очекува да ја напуштата земјата, вели министерот.

Комуникацијата со останатите македонски граѓани продолжува, уверува Османи. Додава дека главен проблем е што тие немаат можност да стигнат до безбедносните коридори и дека во координација со партнерските земји се работи на нивно безбедно извлекување од Украина.