Македонците во Украина сами бараат спас, не добиле одговор на апелот за помош од МНР
За жал Конзулатот не работи. Ваков одговор добивме од бугарското претставништво во Одеса, каде што македонското МНР ги упати нашите државјани за помош и евакуација.
20 Македонци успеале вчера да се качат во бугарските автобуси и да се евакуираат од Украина, а плановите за натаму се неизвесни, информираа од бугарскиот конзулат.
“Ние вчера испративме многу Македонци, пред тоа и Срби. Но за жал, нашите два бугарски автобуса заминаа. Последните автобуси тргнаа сега пред 20 минути.
Имаше ли во него Македонци?
Повеќе нема. До следното тргнување. Сега ги извлекоа сте дипломати и нивните семејства.
Кога ќе биде следното тргнување?
Кога ќе се вратат, не знаеме. Ако тука се смири ситуацијата ќе се вратат. Ние сега сме затворени”
Ние сме македонски државјани и бараме помош од Македонија, а не од Бугарија, реагираат македонските граѓани во Киев.
По реалтивно мирната ноќ во Киев, Стојанов моменталната ситуација ја опиша како тешка и неизвесна.
“Нема лекови, гужви во маркетите...”
По 20 години живот во Киев, Стојанов е решен заедно со семејтвото да го напушти завојуваниот град. Но стравува дека евакуацијата нема да биде лесна, со оглед на безбедносната ситуација.
Од македонското МНР нема нова информација за тоа каде да се обратат македонските државјани за помош, но упатија апел нашите граѓани кои престојуваат во Русија да ги искористат се уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја, поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
