Македонците во Тетово не можат да добијат еднојазичен документ бидејќи се под 20 отсто

Во Тетово на Македонците не им издаваат документи само на македонски јазик бидејќи Македонци имало под 20 отсто. Билјана од Тетово во својата општина не можела да извади документ само на македонски јазик и морала за тоа да оди до Скопје. Во Тетово ѝ издавале само двојазичен документ, на македонски и на албански јазик, а на нејзиното упорно барање да ѝ биде издаден документ само на македонски јазик, за што има право, добила одговор дека Македонците во Тетово се под 20 отсто и не може да има еднојазичен документ, пишува мкд.мк.
-Службеникот ми рече дека не може да ми издаде еднојазичен. Според протоколот не можело. Ми пренесе дека шефот му рекол дека Македонците се под 20 отсто во Тетово и не може да има еднојазично уверение за слободна брачна состојба. Побарав да зборувам со шефот, а тој ми се закани дека ќе викнел полиција бидејќи јас присилно му барам на македонски јазик. Ми рекоа дека мора да биде така, и дека после шест месеци можам да аплицирам за нов документ. Во Тетово, ми рекоа, нема еднојазично уверение за слободна брачна состојба. На шефот му реков дека за ова ќе се обратам и до медеиумите за да се знае што им се прави на Македонците во Тетово. Не се загрижи многу, вели Биљана.
Ново на Сител
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
-

Насилство врз жените: Сериозни системски бариери до заштита и правда
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Владата е фокусирана на постепената интеграција паралелно со реформите за рамноправно членство во Унијата
