Македонците во Пустец ги добија првите решенија за легализација на нивните домови
На скромна свеченост во Пустец, Мала Преспа, беа доделени првите 50-тина решенија за легализација на објекти изградени по 1991 година.
– Конечно се оствари долгоочекуваниот сон на Македонците во општина Пустец за легализација на објектите изградени после 1991 година. Благодарение на соработката на општина Пустец со Регионалната дирекција на Државната агенција за катастар во Корча, како и на упорноста на генералниот директор на агенцијата, Артан Ламе, поделени се првите 50-тина решенија за легализација, објави општина Пустец на официјалната страна на Фејсбук.
На доделувањето на решенијата присуствувале и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, и директорката на Регионалната дирекција на Државната агенција за катастар во Корча, Беса Спахо.
Додаваат дека набрзо ќе може да се поделат и останатите решенија кои се во постапка за решавање и оти се очекува целосна легализација на сите имоти на Македонците во општина Пустец.
– Генералниот директор, Артан Ламе, и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, им ветија на Македонците во Мала Преспа, дека ќе продолжи процесот на легализација за градбите пред 1990 година и за земјоделските површини, стои во објавата.
Голема благодарност за легализацијата на имотите, Македоцните во Мала Преспа искажуваат и до Васил Стерјовски, лидер на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, кој како пратеник во албанскиот парламент, ова прашање го актуелизира во законодавен дом по што постигна согласност за превземање активности за решение на проблемот. Тој оствари повеќе средби со директорот Ламе по што почнаа активностите за надминување на проблемот.
Директорот Ламе со своите соработници и градоначалникот Колефски ја посети и црквата „Свети Архангел Михаил“ во центарот на Пустец, каде имаа срдечен разговор со свештеникот Алексо Темелко.
Ново на Сител
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери
-
Намалена видливост поради магла на патните правци Тетово - село Гајре и Кула - Катланово
-
Инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје физички го нападнал началникот на ОВР Радовиш - следува пријава
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина