Македонците во Мала Преспа го одбележаа празникот Голема Богородица
Македонците од Мала Преспа го одбележаа празникот Успение на Пресвета Богородица во селото Церје.
- Во дворот на црквата, чиј патрон е празникот, беа не само сегашни жители на селата од Мала Преспа, туку и поранешни жители и нивни потомци, кои денеска живеат во други делови на Албанија, но и соседните земји. Посебно тука беа Церјани за кои важи изреката, каде и да се, за овој празник тука да се, изјави Васил Стерјовски.
Со нив беше и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој честитајќи им го празникот им посака здравје, среќа и благосостојба.
По литургијата во црквата „Успение на Пресвета Богордица“, одбележувањето продолжи со македонски песни и ора и скромна закуска во црковниот двор.
По повод празникот, честитка до сите Македонци упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо.
- Почитувани и љубени Македонци и Македонки во Република Албанија, од името на македонското друштво „Илинден“ и разгранокот за Голо Брдо, искрени честитки по повод големиот празник, посветен на Божјата Мајка. Посакуваме сите да одиме по примерот на Пресвета Богородица, да љубиме, почитуваме, да правиме само добри дела, стои во честитката.
Голем број македонски семејства Денот го одбележаа како домашна слава, почитувајќи ги наследените обичаи на нивните претци.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на црногорското Собрание, Андрија Мандиќ
-
Зеленски го потпиша буџетот за 2025 со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност
-
Мицкоски: Добивам документи од свиркачи за фалсификувани записници во Судскиот совет
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила