-->
-->
Македонците во Лондон го чествуваа „Св. Архангел Михаил“
-->
Со повеќе пригодни манифестации нашите сонародници што живеат и работат во Обединетото Кралство го прославија патрониот празник на МПЦ - „Св. Архангел Михаил„ во Лондон.
Во чест на патронот, вчера во Храмот Св. Барнабас во Централен Лондон се оддржа празнична богослужба со света божествена литургија посветена на Светецот Архангел Михаил.
Богослужбата ја чиноначалствуваше протопрезвитер Виктор Стојчев, и на неа присуствуваа над стотина верници од Лондон и другите краеви на Велика Британија.
- Нашата МПЦ-ОА го крепи духот, верата и љубовта кон бога и кон татковината на сите Македонски чеда каде и да се во светот, истакна во својата празнична проповед Отец Виктор Стојчев, честитајки им го празникот на присутните.
По богослужбата црковниот одбор во кругот на црквата организираше заедничка трпеза на љубовта на која од името на собранието на Р.Македонија присутните ги поздрави и празникот им го честиташе пратеникот од дијаспората Ристо Манчев.
Тој во пригодното обраќање зборуваше за актуелната политичка состојба и за инвестиционите активности во сите краеви на Македонија истакнувајќи дека дијаспората е неодвоив дел од матицата Македонија.
Во чест на патрониот празник синоќа во хотелот „Хендон Хол„ се оддржа пригодна културно уметничка програма на која присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Обединетото Кралство, Јован Донев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта