-->
-->
Македонците во Австралија на нозе во одбрана на Македонија!
-->
Македонците кои живеат во Мелбурн, Австралија, одржаа семакедонски собир и испратија пораки. Македонците од Австралија собрани од сите генерации ги осудуваат случувања во Македонија од изминативе денови.
Собирот македонските иселеници поддржани од пратеникот Васко Наумовски, го одржаа под мотото „Народот се буди за одбрана на Македонија“.
Од таму испратија порака дека кризата во Македонија треба да се реши на избори кои ќе се одржат на 5-ти јуни, се со цел да сопре дивеењето и деструкцијата. За нив несфатлив е вандализмот и дивеењето на СДСМ и невладините на Сорос кои палеа и демолираа културно историски обележја и институции.
Македонските иселеници велат дека со таквото однесување директно се удира во срцето на Македонија и сето она за кое се бореле претходните генерации додавајќи дека поддршката што хулиганите на СДСМ и Сорос ја имаат од радикалите на БЕСА, српски и грчки активисти,покажува дека се работи за сериозно разнебитување на земјата.
Пратеникот од дијаспората, Наумовски, беше дел од собирот каде меѓу Македонците истакна дека народот мора да се разбуди и да ја одбрани Македонија.
Со избори на 5-ти јуни, сметаат, народот ќе и ја врати стабилноста на Република Македонија.
Пред преговорите во Виена, македонските иселеници порачаа дека е доста со отспаки за оние кои ја напаѓаат македонската полиција и кои посакуваат смрт и ново Куманово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК го заклучи избирачкиот список - Право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
СДСМ: Просечната плата паѓа, а со тоа и животниот стандард на граѓаните
-
Владата инвестира 198 милиони денари за довршување на театарот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“