Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко

Православниот празник Богојавление - Водици денеска беше одбележан насекаде низ Албанија каде живеат православните Македонци. Македонците во Мала Преспа традиционално се собраа во селските цркви и по литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилек се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се положува крстот во сите девет села.
Во Пустец, седиште на Општината, по богослужбата во црквата „Свети Атанасиј“ што ја одржа отец Темелко, осветениот крст беше положен во езерските води, а најсреќен беше Данко Марко. Тој посака здравје, среќа и благосостојба за сите.
На своите сограѓани во Општина Пустец, празникот им го честиташе градоначалникот Пали Колефски.
- Посакувам многу здравје, среќа, бериќет и општа благосостојба. Им честитам на сите млади што ја продолжуваат традицијата, посебно секако на Данко, кого од Општината соодветно ќе го наградиме, рече за МИА Колефски.
Меѓу Македонците во Мала Преспа, според вековниот обичај оној што ќе го фати крстот, во придружба на други момчиња, ги посетуваат сите домови, каде домаќините ги даруваат со пари. Откако крстот ќе ги посети сите куќи во секое село се враќа во селската црква, каде останува до следната година.
МИА
Ново на Сител
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
