Македонците од Гора добија асфалтен пат
Македонците од областа Гора, во северозападниот дел на Албанија, конечно добија асфалтно поврзување со градот Кукс.
- Заврши асфалтирањето на патот од Шиштавец до Кукс во должина од 17 километри, финансирано од албанската влада. Македонците не го кријат задоволството. Велат дека сега им е многу олеснета комуникацијата, бидејќи иако должината на патот не е голема, сепак поради несоодветната инфратруктура патувале со часови за да стигнат до Кукс, а во зимскиот период поради големите снежни врнежи, по кои е познат овој крај, останувале отсечени од светот со недели, наведува електронското издание на весникот „Илинден“.
Во изминатите две и пол децении, според истиот извор, малку е инвестирано во оваа област, која ја сочинуваат девет населени места Шиштавец, Борје, Црнелево, Оргоста, Очикле, Кошаришта, Запот, Пакишта и Ново Село. Оваа заедно со областите Мала Преспа и Голо Брдо се три етнички области каде што живее голем број македонско насление.
Патната инфраструктура и понатаму е во многу лоша состојба зашто се уште нема асфалтни патишта во областа. Поради немањето основни услови за живот и екстремно големата невработеност, присутна е масовна миграција на населението, која мал број од наслението однесе во Кукс и други поголеми градови во северниот дел од земјата а поголемиот дел во западно европските земји.
До лани областа имаше две општини Шиштавец и Запот, а со новата територијална поделба тие се укинаа и се припоија кон Кукс. Барањето на Македнците да остане една општина Гора не беше прифатено.
Ново на Сител
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ