Македонците на мобилен најчесто на Вибер и Фејсбук месинџер
Бројот на корисниците на мобилна телефонија во Македонија годинава за разлика од лани бележи мал пораст и изнесува 95,2 процента. Корисниците на паметни телефони го следат трендот на пораст и годинава го зголемија своето мнозинство со 72,1 процент, се наведува во резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации во Македонија на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Анкетата, спроведена на територијата на Македонија на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници во периодот од 19 до 29 мај годинава, покажува дека бројот на припејд корисници е намален на 28,8 проценти, а корисниците на мобилен телефон се почесто телефонираат од мобилен на фиксен кога имаат потреба (37 проценти).
Бројот на корисници на интернет на мобилен телефон преку мобилен оператор е во константен раст од минатата година и сега изнесува 58,6 проценти. Најголемиот број од корисниците се помлади од 40 години, но исто така се забележува пораст и кај лица под 50 години.
Најголемиот дел од корисниците на интернет преку мобилен, 96,3 проценти, користат апликации за комуникации. Најкористена е „Вибер“ (92,2 проценти), по која следат „Фејсбук месинџер“ (84,4 проценти), Скајп (43,5 проценти) и „Ватс ап“ (25,5 проценти). Повеќе од половина од испитаниците ги користат тие апликации за комуникација преку текстуални пораки (73,1 процент) и преку разговори (71,6 проценти) секој ден.
Во анекатата, мнозинството од испитаниците кои не користат интернет преку мобилен телефон (51,7 проценти) навеле дека немаат потреба од мобилен интернет, 37,4 проценти немаат соодветен телефонски апарат, а 23, 8 проценти не знаат како да го користат.
Доколку се појави нов оператор на мобилна телефонија, за да ги привлече корисниците, првенствено би требало да понуди пониски цени за разговор (83,4 проценти), пониски цени за мобилен интернет (37,6 проценти) и подобар квалитет на говорните услуги (31,8 проценти). Побрз мобилен интеренет би бил причина за избор на нов мобилен оператор за 30,6 проценти од испитаниците, а за 25 проценти поповолните цени на телефонските апарати, додека 10 проценти бараат најсовремени телефонски апарати, а на 9,6 проценти им се важни пониските цени на СМС/ММС и дата податоците.
Минатата година 3,5 проценти од корисниците на мобилна телефонија го промениле операторот.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО