Македонците и понатаму се вакцинираат на Белградскиот саем
Освен во Бујановац, Врање, Ниш, македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот Саем, јави дописникот на МИА од Белград.
-На пунктот на белградскиот саем дневно се вакцинираат меѓу 300 и 500 граѓани, а за време на викендите се вакцинираат меѓу 600 и 800 лица, а половината од нив се државјани на Македонија и Босна и Херцеговина, изјави за агенцијата Бета координаторката на пунктот на Саемот, Светлана Мичиќ.
Покрај ревакцинацијата, на белградскиот Саем воглавно се вакцинираат државјани на Македонија кои патуваат во странство.
-Продолжуваме да ги вакцинираме луѓето кои не се жители на Србија, од Босна и Херцеговина и Македонија, но одѕивот од сите овие земји се намалува. Најчесто доаѓаат да се вакцинираат луѓето што патуваат во странство, имајќи предвид дека мерките се засилени во сите земји, да не може да се влезе во ресторан, а ова е многу поекономично, бидејќи преку вакциницијата не треба да се прави ПЦР тест и немора да се плаќа карантин во тие земји. Предлог е вакцинацијата да не се препорачува, туку да биде задолжителна во многу земји, изјави за Курир д-р Снежана Калабиќ.
На граѓаните на Саемот достапни им се вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Синофарм“ и „Спутник В“ со кои можат да се вакцинираат секој ден од 8:30 до 15:30 часот.
Според податоците на Здравствениот центар во Врање, до 23 јули годинава на вакциналниот пункт во Спортсака сала во овој град вкупно со првата доза вакцинирани се 12.006 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 9.392 наши државјани.
Ново на Сител
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции
-
Мицкоски по повод 23 Октомври: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит
-
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
-
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица
-
Сиљановска Давкова помилува десет осуденици
-
Штрајк на наставниците во Грција