Македонија
14. March 2020 - 16:33

Македонци заглавени во Малта

Петнаесетина Македонци не можат да се вратат од Малта. Компанијата Виз ер го отака летот кон Скопје и сега овие лица бараат помош од државата за да можат да се вратат дома. По повеќе обиди попладнево успеале да ја контактираат надлежната амбасада во Рим, но не се задоволни од понуденото решение.

Техничкиот премиер Спасовски вели дека нашите кои се затечени во моментов во странска земја која е од висок ризик треба да ги почитуваат правилата и препораките на земјата во која се наоѓаат.

Попладнево МНР соопшти дека е формирано координативно тело за помош и поддршка на граѓаните кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот . Ги упатија граѓаните да се обратат на следните телефони.

МНР укажува дека сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

+389  75 446 647 (редовна линија)

+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)

Електронска пошта: globalsos@mfa.gov.mk

МНР уште еднаш апелира сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.