-->
-->
Македонци учесници на маратонот во Њујорк
-->
Трчањето е се почеста слика во Македонија, а особено со се поголемата популаризација на Скопскиот маратон (пријавувањето за 2017 година е веќе почнато). Така вчера во Њујорк се трчаше маратонот во овој град, а според официјалните резултати на него настапија и 10 претставници од Македонија. Тоа се воглавно натпреварувачи кои основно мото им е да го истрчаат маратонот, а во во тоа успеаја и искрено им честитаме.
Ова се имињата, на тие кои трчаа во Њујорк под македонското знаме: Атанас Наумов, Блаже Цоневски, Елисавета Нојковска, Ангел Арнаудов, Перо Георгиевски, Александар Аневски, Драгана Дамјановиќ Чифлиганец. Дејан Ристов, Кристоф Палаци, Едуард Титов. На овој линк се нивните времиња.
Инаку, кај мажите победи Гирнеј Гебреселасие од Еритреа со време 2:07.51 часа, а кај жените најдобро време имаше Мери Кејтани од Кенија 2:24.26 часа. На маратонот во Њујорк трчаа 50.000 натпреварувачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови
-
Тошковски најавува кривична одговорност
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
РСБСП: На матурска без автомобил!
-
Шпанија и Португалија без струја
-
Палевски: Ако сум убил – ќе правев алиби
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Претседателката на ДКСК Димитровска веднаш да поднесе оставка