Мајските оперски вечери со нови програмски содржини
Мајските оперски вечери, чиј организатор и домаќин е Македонската опера и балет, годинава ќе бидат збогатени со нови содржини, најави уметничкиот директор Сони Петровски.
На денешната прес-конференција во Битола, во пресрет на вечерашниот концерт на МОБ со „Кармина Бурана“, Петровски посочи дека годинава во Скопје премиерно ќе се организираат, а со цел да прераснат во традиција и „Мали мајски оперски вечери“ наменети за најмладата публика.
- Мајските оперски вечери се најзначајната манифестација од областа на оперската уметност. Оваа година ќе добијат нов лик со зголемен број на претстави, и ако досега имало по пет до шест претстави, годинава ќе има три пати повеќе. МОБ веќе подготвува премиера на претставата „Евгениј Онегин“ од Чајковски, што ќе ја режира Дејан Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, а костимографија на Марија Попучевска – сите битолчани, рече Петровски.
На Мајските оперски вечери ќе има еден атрактивен гала концерт со три многу значајни и актуелни контратенори, а новитет е паралелната манифестација за најмладите „Мали мајски оперски вечери“, која ќе биде наменета за публиката од претшколска и школска возраст.
- За таа цел ја подготвуваме премиерата на детската претстава „Црвенкапа“ во режија на битолчанецот Цветан Стојановски, истакна уметничкиот директор на МОБ-Скопје, Сони Петровски.
Ново на Сител
-
Мицкоски бара нонпејперот на ЕУ да важи за целиот процес на преговори
-
Не сакаме српско сценарио со Универзална сала
-
Има перфектни но и слаби директори на ЈЗУ
-
Новогодишната кошница порасна на над илјада производи, пазарните инспектори прават контроли
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР поднесе кривична против Ковачевски, Груби и Бајрами за Лотарија
-
Разбиена криминалната група „Беланоца“, вршеле убиства за суми до 250 000 евра
-
Недостапен е сведокот кој ги поврзал убиствата на Вања и Панче