Мајката на Пино: Како тргнало ќе излезе дека ние сме виновници, а убијците оштетени
Мајката на убиениот Пино Секондо и нејзиниот сопруг, кој има срцеви проблеми, биле шокирани од одлуката на судот да се укине 19-годишната казна за Ангела Ѓоргиевска, осудена за убиството на нивниот син, пренесува „Фокус“.
Пресудата била укината поради суштествени повреди во постапката, а случајот вратен на повторно судење.
- Очекувавме, ако веќе зборуваме за правда, доживотен затвор. Не може да одземеш нечиј живот, да си го дозволиш тоа право, и да поминеш вака… Ова е само еден лош пример, еден вид на поттик на потенцијалните убијци, на криминалците… Зошто нема доживотна казна за вакво дело? Зошто не се менуваат законите во Македонија, зошто ова не се искористи како пример за другите, за во иднина некој добро да размисли пред да крене рака, пред да одземе нечиј живот?, изјави очајната мајка за „Фокус“.
Мајката на убиениот Пино, Маја Трпковска додаде и дека на крај ќе излезе дека тие се виновници, а убијците оштетени.
Случајот со убиството на Пино (26) долго ја брануваше јавноста. Тој исчезна од семејниот дом во Скопје во декември 2018 година, и по него се трагаше со месеци.
Неговото тело беше случајно пронајдено на 29-ти април 2019 година, од минувач на местото викано Башинец во атарот на село Љуботен.
Ново на Сител
-
Потпишување договори за проекти за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините
-
Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви
-
Во Струмица доделени 21 стан на семејства во социјален ризик
-
Се празнат училиштата
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола