Мајка замоли бездомничка да и го причува синот (2) и бездушно побегна од него

Бездомничка од Москва им рекла на полицајците дека и пришла мајката на детето и ја замолила да го причува Димитриј некоја минутка. Таа се согласила да го причува но неговата мајка не се вратила.
Граѓаните биле загрижени кога го виделе малото дете како ја следи оваа жена додека проси на улица. Полицијата ја испитала жената која живее на железничката станица во Ногински веќе некое време.
Детето ќе биде сместено во сиропиталиште ако полицијата не може да ја пронајде неговата мајка или некој друг член од семејството. Полициајта се надева дека некој ќе го препознае момчето од сликата и дека ќе ја пронајдат наговата мајка.
Детето има пречки во развојот и не зборува, туку многу плаче. Бездомничката ја опиша неговата мајка како добро облечена жена која има кашлица.

Ново на Сител
-
Келн го отпушти тренерот пред можното враќање во Бундеслигата
-
Алкалоид ќе го пречека АЕК во „Борис Трајковски“
-
Дембеле се врати на тренинзи по повредата
-
НБА: Јута го продолжи договорот со тренерот Харди
-
Ф1: Алпин размислува за замена на возачите, Колапинто на местото на Дуан
-
Кривична пријава против фудбалерите на Гостивар за напад на полицајци по мечот со Струга
-
Облачно, локално со повремени поројни дождови
-
Цените на производите во грчките супермаркети речиси непроменети во споредба со лани