Мајка Тереза нов интернационален универзитет во Скопје, готови проектите за студентските
Нов универзитетски кампус во главниот град. Владата донесе одлука за отворање на државен меѓународен универзитет кој ќе го носи името на Мајка Тереза. Избрана е и локација, ќе се адаптира простор во касарната Илинден на провршина од 22 ијалди метри квадратни.Новиот универзитет во состав ќе има 5 факултети, архитектура и градежништво, трехнолошки,т ехнички, социјални науки како и факултет за информатика, 14 наставни програми од први и втор циклус. Наставата ќе сеизведува на три јазици, а предвидено е да започне да фукционира од следната академска година.
Паралено засилено се работи на зголемување на сместувачките капацитети за студентите. За два месеци ќе се рушат старите бараки од студентскиот дом медицинар а за година и половина се очекува да биде изграден нов копплекс, три згради на четири ката со капацитет за 350 студенти како и спорска сала.
Изготвено е и идејното решение за студентскиот дом во Тетово кој ќе биде во склоп на државниот универзитет со капацитет за 350 студенти а во процедура е и третиот дом кој ќе биде лоциран кај спортската сала Борис Трајковски. Премиерот информираше дека за година и половина ќе бидат пуштени во употреба и двата факултети ФИНКи и факлтетот за физичка култира. Нивната градаба е во тек а потребата од нови објекти според Груевски е повеќе од очигледна, студентите заслишуваат соодвентни услови за настава а не очајни бараки.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар