Мајка од пеколот: Германка ги терала здравите деца да седат во инвалидска количка за да профитира од државата

Германката Мајке Б. (49) која е обвинета за злоставување на штитеници и измама, ги лажела службите за здравствено осигурување и државните институции дека четирите нејзини деца се тешко болни и на тој начин неосновано подигнала 140.000 евра социјална помош.
Нејзината приказна за болните деца на кои им е неопходна нега предизвика сожалување во јавноста ширум Германија, откако се појави во неколку телевизиски емисии, во кои зборуваше за проблемите со кои секојдневно се соочува.

Мајката на пет деца, која одговара пре Покраинскиот суд во Либек (Шлезвиг-Холштајн), не само што ги терала своите четири деца од 10, 15, 17 и 18 години да седат во инвалидски колички за на измама да подигне социјална помош, туку и без никаква потреба сама им давала инјекции, откри во судот семејниот лекар.
Тој изјави дека на адреса на неговата лекарска пракса се испорачани лекови против хемофилија во вредност од 100.000 евра кои биле предвидени за децата на Мајке Б, иако ен биле болни.
„Една инјекција чинела околу 1.300 евра. Мајката навистина им ги давала на децата тие инјекции еднаш неделно“, изјави тој.
Тој додаде дека на нејзините деца не им е дијагностицирана никаква болест, но мајката сама се снаоѓала за специјалистички прегледи во Хамбург, Хановер, Магденбург и Диселдорф, каде очигледно и ги припишувале лековите против хемофилија.
Нејзината најстара ќерка (27) изјави на суд дека мајката ги убедувала децата дека „уште повеќе ќе се разболат ако не седат во инвалидските колички“.

Според нејзините зборови, седеле во количка „кога доаѓале вештаците и други луѓе. Им зборувала намерно дека тогаш треба да глумат дека се болни„, рекла девојкат акоја се иселила од семејниот дом уште во 2013 или 2014 година.
Според зборовите на сведоците и вештаците, сите четири деца се здрави како дрен и немале никаква потреба од инвалидски колички.
„Децата играа на снегот надвор и беа многу темпераментни“. Се качуваа на дрвја од четири метри, што јас секако им забранував“, изјави една воспитувачка.
Ново на Сител
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
-

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол
-

Приведени две лица од дебарско поради грабнување и силување
-

УХМР: До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
