-->
-->
Мајка монструм си ги уби своите ќерки
-->
Мајка тинејџерка, "свесно" си ги убила двете дечиња откако ги оставила заклучени во врел автомобил повеќе од 15 часа за да може да се забавува со пријателите.
Аманда Хокинс, 19, ги оставила малите ќеркички Едисон (2) и Брин (1) внатре во возилото на превисока температура, без храна и без вода во текот на 15 часа.
Игнорирајќи ги нивните повици за помош, мајката - инаку вработена во Walmart, ја поминала ноќта во куќата на пријател во Кер Каунти, Тексас. Кога пријателот ѝ сугерирал да ги внесе внатре дечињата таа го одбила.
Додека се вратила назад по нив во автомобилот следниот ден, тие веќе биле онесвестени на 33 степени во возилото. Но наместо веднаш да ги однесе во болница, таа ги избањала и ги преоблекла во различна облека. Првично се обидела да го прикрие она што се случило објаснувајќи им на лекарите дека тие се онесвестиле откако мирисале свежи цвеќиња во локалниот парк.
Полицијата го истражувала случајот и морала детално и во повеќе наврати да ја испрашува за мајката конечно да признае.
Кер Каунти Шериф Хиерхолцер изјави во соопштението: "Ова досега е најужасниот случај на загрозување на животот на сопствените деца до сега што сум го видел во овие 37-години откако работам спроведувајќи го законот".
Иако евиденцијата покажа дека таа нема "историја" со полицијата, од тогаш се откри дека ова не ѝ било прв пат да ги остави децата сами во автомобил.
"Ги имав двете најубави внуки", изјавила мајката на Хокинс - Алиша Еди велејќи "Јас не се согласувам со тоа што се случило, она што таа го направила, но ја сакам, ќерка ми е. Ќе бидам тука за неа. Ние сме премногу збунети..."
Таа била уапсена во четвртокот и обвинета по две точки - за напуштање на дете и за загрозување на животот на дете. Таа би се соочила со две години затвор - но полицијата изјави дека обвиненијата можат да се зголемат бидејќи децата починале.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска