МАЈКА МОНСТРУМ: Се сликала селфи со мртвото бебе, па го закопала во дворот!
Постојат сериозни сомневања дека мајката го убила своето бебе и потоа го закопала во дворот.
Мирјана Миклејиќ (46) од село Босур близу Петровац, долго време објавувала фотографии на социјалните мрежи на кои многу јасно се гледало дека е бремена. Речиси сите етапи од нејзината бременост биле „овековечени„ на Фејсбук.
Сепак, Мирјана никаде не ја водела бременоста ниту пријавила дека детето го родила дома.
Но, она што го предизвикало вниманието на мештаните и полицијата е што Мирјана на својот профил на Фејсбук профил објавила фотографија од мртвото бебе, целото во крв.
По објавената фотографија, полицијата го пребарала домот на Мирјана, а тело од мртво бебе било пронајдено во нејзиниот двор.
- Наводно ископале во дворот дете. Бебето било закопано на длабочина од 20-тина см, а преку него биле нафрлени тули, во неверување објаснувале сограѓаните.
Според зборовите на жителите на ова село, Мирјана не ја криела бременоста.
- Сите го видоа нејзиниот стомак. Се фотографираше и фотографиите од нејзината бременост ги поставуваше на Фејсбук. Кој е, меѓутоа, таткото, не знаеме. Молчеше за тоа. Можеби е и некој оженет маж , рекол мештанин.
Сепак, сите велат дека повеќе од чудно било однесувањето на Мирјана по породувањето.
- Кој става на Фејсбук фотографија од мртво бебе и пишува „за ова се умира“, а и фотографии од своите деца и пишува „за ова се живее“. Не е нормално жена која ќе роди мртво бебе или на која бебето и умира при породувањето да има доволно сила за тоа да ги информира пријателите преку Фејсбук , велат тiе.
Мирјана била два пати мажена. Од првиот брак има две возрасни ќерки, кои се на околу 30-годишна, а од вториот ќерка и син, кои одат во основно училиште.
Ново на Сител
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје