Мајка и шестгодишна ќерка тешко повредени, со возило удриле во бетонски столб

Триесет и четири годишна жена и шест годишно девојче се повредени во сообраќајна несреќа која минатата ноќ се случила на локалниот пат кај селото Добрашинци, на место викано Шапкар.
Е.А. (36) управувајќи автомобил „Сеат“ со струмички регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот удрил во бетонски столб и се превртел на покрив.
Од полицијата информираат дека со тешки повреди се здобила Ф.А. (34), фрактура на десна потколеница, крварење и отоци во главата која по укажаната лекарска помош во струмичката болница е пренесена во Ургентниот центар во Скопје.
Со полесни повреди во несреќата поминало шест годишно девојче на кое лекарска помош му е укажана во Медицинскиот центар во Струмица.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.
Ново на Сител
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
