Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
Поради обилните дождови, пожарникарите од ноќната смена на ТППЕ Велес синоќа имаа повеќе интервенции. Околу 19 часот, од поплавена улица кај поранешниот силос на „Жито Вардар“, успешно извлекоа мајка и дете од заглавен автомобил, информираат од ТППЕ Велес.
Веднаш потоа имале и уште неколку интервенции на извлекување на вода од поплавени дуќани и подруми долж главната улица „Благој Ѓорев“ која со секој пообилен дожд се поплавува поради нерешената атмосферска канализација, во новиот дел од градот, а како причина е високата ридеста конфигурација на Велес од чиишто високи улици надолу се слева поројната вода и ги поплавува главните улици.
По интервенциите од поплави, пожарникарите од третата ноќна смена на ТППЕ Велес околу 22 часот итно се упатиле на гаснење на големиот пожар на Фабриката „Аринија“ во сопственост на ДПТУ „Мирана“ каде цела вечер интервенирале.
Големиот пожар во фабриката „Аронија“ успеале да го локализираат во 4 часот наутро, а целосно го изгаснале утрово во 6:30 часот.
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп