Мајка го претепала 6-месечното бебе кое е хоспитализирано на Детска клиника
Со модрици и гребаници по телото, шесмесечно бебе е хоспитализирано на Клиниката за детски болести откако преходно било претепано од родената мајка. 23 годишна жена по потекло од Кавадарци, ноќеска по полноќ во семејниот дом во скопска населба го нападната новороденчето нанесувајќи му физички повреди. Полициски службеници дд СВР Скопје ја лишиле од слобода а бебето е на детска клиника.
- Се работи за 6,5 месечно дете кое прво било згрижено во Ѕргентниот центар на хирургија под сомнение дека врз детето е извршено насилство со модринки и гребаници по телото. После краток престој таму е префрлено во раните утрински часови кај нас на Клиниката за детски болести. Детето е згрижено на оддел и се прават дополнителни иследувања за да се види дали има внатрешни повреди и токсиколошки анализи дополнително. Информирани се службите, и од МВР и социјалните служби кои го преземаат случајот за понатамошно иследување, вели д-р Реџеп Мемеди, директор на Клиника за детски болести.
Од МВР велат дека работат на негово расчистување по што ќе следува и соодветна пријава. Социјалните служби, пак, треба да направат проценка што ќе биде со бебето по неговото лекување.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
