Мајка го мачела бебето како што ЦИА ги мачи затворениците и снимката ја објавила на Фејсбук: Ќе се шокирате од причината зошто го правела тоа
Шерифот на округот Самтер во американската сојузна држава Јужна Каролина соопшти дека ја уапсил Кејтлин Елис Харди (33) затоа што ѕверски ја мачела својата деветмесечна ќеркичка и тоа го објавила на Фејсбук.
Харди своето бебе го „злоставувала, му нанела непотребна болка и страдање и и ја ускратувала неопходната нега“, се наведува во соопштението на шерифот.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2019/february/gdzrtdzrt.jpg?itok=14OA1v00)
Оваа жена роденото бебе го мачела во вотербординг, техника која ЦИА ја применува врз затворениците во своите озлогласени тајни затвори. И ставила на малечката пешкир преку лице и и истурала вода, а сето тоа го снимила и снимката ја закачила на Фејсбук.
„Одмазда за тоа што ме будеше во секое време во ноќта“, напиша таа во коментарот.
На снимката убаво се гледа и слуша како бебето се бори за здив и кашла. Малечкото дури и се вртело на другата страна за да го избегне давењето, но мајката пак ја полевала со вода.
Во соопштението на шерифот се наведува дека во време на ова злосторство во куќата биле и нејзините три деца.
Харди остави кауција од 1.500 долари и излезе на слобода до судењето.
Ново на Сител
-
Активен пожар во Негорци, регистрирани 15 пожари на отворено во изминатото деноноќие
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата