Мајк Тајсон ќе присуствува на пленарно заседание на романскиот Сенат
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, боксерот Мајк Тајсон денеска ќе присуствува како гостин во романскиот Сенат, соопшти Бен-Они Арделeан, потпретседател на Сенатот.
Претседателoт на Сенатот, Калин Попеску Таричану сепак прокоментирал дека оние кои го поканиле Тајсон во Горниот дом на романскиот парламент, „не промислиле доволно добро".
- Сметам дека оние кои го предложија тоа, не размислиле многу, за жал. Не ми се чини дека овој потег и прави чест на институцијата Парламент. Токму напротив, за жал, рече Таричану.
Тој потоа дополни дека лично претпочита големи спортисти, кои имале беспрекорно поведение во приватниот живот, за разлика од Мајк Тајсон, кој во своето минато имаше серија конфликти со други лица и проблеми со законот, така што еднаш заврши в затвор.
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи