Мајк Пенс ги поддржува мировните преговори за Кипар
Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис по разговорите во Никозија со американскиот заменик-претседател Мајк Пенс ирази задоволство од подготвеноста на претставникот на САД да помогне во решавањето на проблемот со етнички поделениот остров, пишува весникот „Катимерини“.
- Она што ме радува е дека САД се заинтересирани за пронаоѓање решение за кипарското прашање, кое ќе биде прифатено од целиот народ на островот и кое ќе се заснова на европските принципи и на фактот дека Кипар е членка на ЕУ, изјави Анастасиадис.
Пенс изрази поддршка за мировните преговори за повторно обединување на Кипар.
Освен кипарскиот проблем двајцата државници разговарале и за натамошно подлабочување на односите меѓу САД и Кипар, како и за ситуацијата на Блискиот Исток и за енергетски прашања.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците