-->
-->
Мајами: Ново финале за Ѓоковиќ
-->
Новак Ѓоковиќ ја продолжи доминацијата во светскиот тенис, откако избори ново финале. Првиот светски рекет, во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, по два часа игра, го совлада Давид Гофан со 7:6, 6:4.
Првото полуфинале на Мастерсот во Мајами се одигра по нехумани временски услови (висока температура на воздухот и голема влажност), но тоа не им пречеше на Ѓоковиќ и Гофан, особено во првиот сет да прикажат спектакуларен тенис.
Искуството и квалитетот на Ѓоковиќ на крајот пресудија, иако Гофан прв направи брејк во првиот сет, а во тај брејкот при 4:4, промаши лесен смеч. Во вториот сет пресуден беше еден брејк, кој го направи Ѓоковиќ во седмиот гем.
Ѓоковиќ кој седми пат ќе игра во финалето на овој турнир (го израмни рекордот на Андре Агаси), прптив Ник Кирјос или Кеи Нишикори, ќе се бори за својата шеста титула. Доколку го освои трофејот во Мајами, Ѓоковиќ ќе стане рекордер според бројот на титулите од Мастерс турнирите (во моментов тој и Надал имаат по 27) и ќе стане најплатениот играч во историјата на тенисот.
Исто така, Ѓоковиќ ќе го игра своето 11-то последовно Мастерс финале, а последниот пораз го доживеа во Шангај во 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка