Мајами на чекор од финалето на НБА
Тајлер Хиро постигна 37 поени, а Мајами го победи Бостон со 112-109 во четвртиот натпревар од финалето на источната конференција на НБА лигата. Така, Хит поведе со 3: 1 победи и е само на победа од пласман во финалната серија.
Хиро, кој е на само 20 години, реализираше 14 од 21 удар од клупата. Џими Батлер постигна уште 24 поени, Горан Драгиќ постигна 22, а Бам Адебајо го заврши мечот со „дабл-дабл“ учинок со 20 поени и 12 скока. Џејсон Тејтум беше најдобар стрелец кај Селтикси со 28 поени, а Џејлен Браун додаде уште 20. Гордон Хејворд постигна 14 поени за Бостон, а Маркус Смарт заврши со „дабл-дабл“ од 10 поени и 11 асистенции.
Следниот натпревар е во петок и со него Мајами може да ја затвори серијата.
За разлика од претходните три натпревари, во кои заостануваа со двоцифрен резултат, овојпат Хит поведе со 58:46 на почетокот на третата четвртина. Досега најголемото водство на тимот за целата серија беше осум поени, и тоа беше токму на 4:09 минути пред сирената на овој натпревар, откако Хиро ја заниша својата петта тројка.
Бостон сепак се доближи на три поени со тројка Браун на 16 секунди пред крајот, но слободните удари на Хиро и Батлер му ја обезбедија победата на Мајами.
Ново на Сител
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари