-->
-->
Мајами може да го ангажира Милсап доколку Краудер го напушти тимот
-->
Доколку Мајами хит го загуби Џое Краудер во периодот до почетокот на новата сезона, тимот ќе се обиде да го донесе искусниот кошаркар на Денвер, 35-годишниот Пол Милсап. Евентуално, опција е и центарот на Феникс, 33-годишниот Арон Бејнс, објави „The South Florida Sun-Sentinel“.
„Жешките“ би сакале да го задржат Краудер, но не можат да му понудат долгорочен договор, бидејќи сакаат да остави што повеќе слободен простор во финансискиот план за потпишувањето на Јанис Адетокумбо во 2021 година.
Краудер му се придружи на Мајами заедно со Андре Игуодала и Соломон Хил во февруари оваа година, оставајќи го Мемфис во трилатерална размена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Изречени 34 санкции за возење под дејство на алкохол на подрачје на СВР Битола
-
Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно
-
Претрес во Мала Речица, пронајдена дрога
-
ЦУК: Три пожари на отворено, апел за внимателност поради наглите метеоролошки нестабилности
-
Уставниот суд ќе ја одржи 15. седница
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот