Маја Гојковиќ избрана за претседател и на новиот српски Парламент
Маја Гојковиќ од Српската напредна партија на премиерот Александар Вучиќ вчера беше избрана за претседател на новиот српски Парламент, пренесе ТАСС.
Од 233 присутни пратеници за изборот на Гојковиќ гласаа 159.
Гојковиќ го предводеше српското Собрание и во претходниот негов состав. Новиот Парламент беше формиран по вонредните парламентарни избори што се одржаа на 24 април.
Се очекуваше претседателот на Парламентот да биде избран на првото негово заседание, што се одржа на 3 јуни. Но, пратениците по 10-часовна дебата успеаја само да ја усогласат кандидатурата за претседател на законодавниот дом.
Коалицијата „Србија победува“, на чело со партијата на Вучич, на предвремените избори освои апсолутно мнозинство од 131 пратеници во 250-члениот еднодомен српски Парламент.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори