Магла на Стража, од попладне врнежи од дожд

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, а намалена видливост поради појава на магла од 100 – 120 метри има на планинскиот превој Стража, информира ЈП Македонијапат.
Апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот и посочуваат дека е можна појава на поситни одрони на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци.
Од АМСМ, пак, порачуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на потопол влажен бран од денеска кон крајот на денот, најпрво во западните, а потоа и во останатите делови од земјава ќе има врнежи од дожд. Утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови каде ќе наврнат над 40 литри на квардратен метар. За в среда пообилни врнежи од дожд се очекуваат во источните делови од земјава, каде локално ќе бидат поројни.
Ново на Сител
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
-

Угостителите на удар од инспекторите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
