Магла на патот Катланово – Велес
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри, утрово има на патниот правец Катланово – Велес, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
Затворен за сите видови возила е и патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица.
До 15 март годинава трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Ново на Сител
-
100 килограми марихуана запленети во Струмица | ФОТО
-
Пронајдени двајца починати мажи во тетовско
-
Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги нема, има соодветна замена
-
Струмичанец пронајден починат на паркинг во Центар
-
Маж нападнат од својата партнерка на паркинг во Кисела Вода
-
25-годишник со „мерцедес“ излетал од патот, тешко повреден 18-годишниот сопатник
-
Земјотреси со јачина од 3,9 и 4,2 степени според Рихтер во северозападна Турција
-
Нетанјаху го потврди патувањето во Вашингтон