Магла и снег на патиштата, еве каде во моментов вее снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во северните, западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места наместа со мали остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Страцин и на планинските премини Плетвар и Пресека. Овие врнежи во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража и на Попова Шапка.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.
Ново на Сител
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
-

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда
-

Во Србија приведен Македонец поради недозволен промет на акцизни стоки
