Кошарка
14. July 2015 - 22:18

Магдевски најдобар асистент, Бакоч најдобар скокач во групната фаза на ЕП во Унгарија

о крајот на првата фаза и натпреварите по групи на Европското првенство за кошаркари до 20 години во Унгарија, двајца македонски репрезентативци се предводници во две индивидуални статистички категории.

 
Капитенот на црвено жолтите Андреј Магдевски е првиот асистент и трет стрелец на шампионатот. Предводникот на нашиот млад тим на трите натпревари просечно има 7,7 асистенции по натпревар и одлични 20, 3 поени по меч. Магдевски најефикасниот натпревар го одигра против Ерменија кога постигна 30 кошеви, а најголем број на додавања имаше во стартиот дуел на шампионатот против Белорусија, импресивни 13 асистенции.
 
Филип Бакоч со 11 скока по натпревар засега е најдобриот скокач на ЕП во Унгарија. Нашиот крилен центар со 5,7 офанзивни скока по натпревар е најдобриот на шампионатот. Македонскиот центар посебно расположен беше на синоќешниот дуел со Швајцарија кога оствари дуеи 14 скока, 8 офанзивни и 6 дефанзивни.
 
Инаку по ккрајот на првата рунда најдобар стрелец на шампионатот во Унгарија е домашниот кошаркар Золтан Перл со 26,3 коша по натпревар.