Маџунков: Двојазичноста опасен авантуризам
Двојазичноста што сега лицемерно се користи за политичка борба е опасен авантуризам кој води во уништување на нашата држава и на нашиот народ. Ниту еден јазик неможе да преживее во двојазичноста или мултијазичноста ако нема матична држава каде што тој јазик се чува и негува, порача академик Митко Маџунков на промоцијата на 50 нови наслови од едицијата „Светско книжевно богатство“, што се одржа вечерва во Македонскиот народен театар.
Потенцирајќи ја потребата од заштитата, подемот и афирмацијата на нашиот книжевен јазик рече дека македонскиот јазик е поголем одошто сме и самите свесни, но оти неговата големина не може да ни донесе никаква утеха доколку биде уништен.
Јазикот, нагласи, е еден од главните атрибути на секој народ, а тоа значи дека официјалниот јазик на една држава не може да се менува во зависност од демографската состојба.
- Нема држава без јазик и нема државен опстанок без јазик. Албанците, Србите, Турците и сите други народи кои живеат во Македонија имаат свои матични држави каде што нивниот јазик е заштитен. Тоа не е случај со Македонија. Ни побогата држава од нас не би можела да ги поднесе само материјалните трошоци на еден таков експеримент. Тоа не значи на другиот да не му се даде она што му припаѓа. Тоа значи да му се даде се што му припаѓа, но не и да му се дуплира, триплира државата за сметка на сопствениот опстанок, рече Маџунков.
Според него, ситуацијата со двојазичноста дури и на сега прифатеното рамниште е на работ од одржливоста. - Во културата, на пример тоа значи да се прифаќаат дела за кои не знаеш што содржат. Понатамошната ескалација на таа шизофрена состојба неминовно би довело до уривање на сите институции па така и на државата, рече Маџунков.
Нагласувајќи дека академиите на науките и уметностите насекаде низ светот се формираат главно за заштита на националниот јазик праша што би станало со МАНУ во услови на двојазичност. Би биле, нагласи, нужни две академии, а со тоа и две држави.
Денес, посочи академик Маџунков, читаме дека Македонија не била држава и требало да се подели. Тоа се, наведе, познати тактики: првин ќе се зададе една нереѓлива домашна задача, како што е промената на името и двојазичноста, апотоа ќе се констатира дека државата не постои и треба да се брише од картата на светот.
- Се сугерира промена на границите, а се заборава декла тоа секогаш водело, а и сега води во ошта војна. Ние немаме друга држава. Ова е нашата единствена, а не резервна татковина. Ние немамем ни друг јазик. Ние што живееме во неговиот скут, немаме каде на друго место да се засолниме. затоа името и јазикот треба да ги чуваме како нешто без што нема опстанок. Се друго е трговија, наведе академик Маџунков, во обраќањето на промоцијата на новите изданија од едиицјата „Светско книжевно наследство“.
Ново на Сител
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо