Мадуро: Трамп нема да биде полош претседател од Обама

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп е жртва на глобална кампања на омраза, јави БТА.
- Трамп не може да биде полош претседател од неговиот претходник Барак Обама, изрази увереност Мадуро.
За време на предизборната кампања во САД, кандидатот на Републиканската партија ги обвини владејачките социјалисти во Венецуела дека го потиснуваат сопствениот народ.
Во првиот јавен коментар за победата на Трамп, Мадуро се воздржа да одговори на критиките.
- Да почекаме да видиме што ќе се случи. Да не брзаме. Сакам да бидам претпазлив, истакна венецуелскиот претседател.
Истовремено, Мадуро нагласи дека единственото што може да го тврди е оти Трамп нема да биде полош претседател од Обама.
- Претседателот во заминување на САД го остави светот, измачен од злото на тероризмот. Во Латинска Америка тој ќе биде запомнет по три државни удари, наведе Мадуро за Обама.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
