-->
-->
Мадуро префрлен во притворски центар во Њујорк
-->

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела.
Мадуро е задржан во притворен центар во Бруклин каде чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат земјата сè додека не се постигне трансфер на власта и контрола врз огромните нафтени резерви на Венецуела.
Во меѓувреме, Врховниот суд на Венецуела ја именуваше потпретседателката Делси Родригез за вршител на должноста претседател, а меѓу Венецуелците владее мешано чувство на радост, надеж и вознемиреност, јавија американските медиуми.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
