-->
-->
Мадуро до нацијата: Останувам претседател
-->
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро се обрати до нацијата , откако вчера претседателот на парламентот Хуан Гваидо се прогласи за претседател со поддршка од САД.
Мадуро најави затворање на амбасадата на Венецуела и сите конзулати во САД . Тој потсети дека до недели сите американски дипломати мораат да ја напуштат Венецуела. Мадуро во обраќањето рече и дека се согласува со ставот на Мексико и Уругвај дека е потребен дијалог. Сепак потенцира дека нема намера да го напушти местото претседател на државата.
,,Никогаш нема да се откажам од обврските кон мојата татковина , никогаш тоа нема да го направам”, рече претседателот, кој се соочува со петоцифрена секојдневна инфлација во земјата што е на четврто место во светот по производство на нафта.
Милиони жители на Венецуела од почетокот на минатата година ја напуштија земјата и заминаа како бегалци во соседните земји.
Мадуро на крајот на говорот се претстави себеси како уставен претседател , а шефот на опозицијата Гваидо го нарече марионета на САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва